Нашиот Едуино Амбасадор – Светлана Бобевска

Снимените видео часови на порталот Едуино претставуваат основа за наставниците кои сакаат да им понудат на своите ученици комплетен материјал за часот.Емитувањето на видео лекциите на Националната телевизија за учениците кои немаат пристап до технологија претставува единствен начин за вклучување во наставниот процес. Особен придонес со видео лекции дадоа повеќе наставници од нашето училиште, но посебно се истакнува одделенскиот наставник Светлана Бобевска која сними видео лекции за дигиталната библиотека и е прогласена за Едуино Амбасадор.