ДОНАЦИЈА ОД ЛУТЕКС

ООУ Блаже Конески упатува голема благодарност до компанијата ,,ЛУТЕКС” ДОО од Велес, за опремување на една училница со нови столчиња и масички за најмалите. Раководниот тим на компанијата раководејќи се од фактот дека успехот на сите нас се должи благодарение на образованието и дека секој од нас е излезен токму од тие масички и столчиња, а исто така и идните генерации што допрва треба да се образуваат во тие простории, токму од тие причини реши донацијата да биде маси и столчиња. Со оваа донација учениците добија поубаво катче за престој во својата училница. ,,Среќни сме што ја добивме оваа донација, бидејќи масичките и столчињата кои ни ги подаривте, уште првиот ден од второто полугодие ги израдуваа првачињата од I-3 одделение”. На ова од компанијата изразија големо задоволство за среќните и насмеани детски лица, што ќе им биде мотив ваквите донации да продолжат и во иднина. Секогаш е добро време да се направи добро нешто.