Детски Рацинови средби

На 6. и 7. ноември, нашиот град беше домаќин на Детските Рацинови средби кои по 51. пат се одржаа во чест на основоположникот на современата македонска поезија, Коста Солев Рацин. На Литературниот конкурс„Рацин вчера, денес и утре“  ученикот Димитар Куцулов од VII 5 одд. ја освои втората награда, а ученичката Софија Новачева од VII 4 одд. беше пофалена .Честитки за младите поети!!!

ООУ „Блаже Конески“  беше вклучено во сите активности планирани со Програмата. А нашите млади уметници: Илина Стумбова,  Ангел Богоевски, Кристина Купенкова, Димитар Куцулов, Софија Новачева, Христијан Андовски, Дора Пајдакова, Елена Шопова, Наумина Стоилкова, Ева Тодоров, Теона Амбаркова- поети и музичари, подготвија пригодна програма со која ги пречекаа гостите-поети од Поетскиот караван.