„Дедо Мраз во Еко патрола“

   Заедно со  „ Дедо Мраз во Еко патрола“ – денес во Младинскиот парк учениците од нашето училиште ја украсија елката  со  украси  од еколошки материјали изработени од вредните рачиња на  нашите ученици и покажаа дека со реупотреба на пластика, хартија и стакло, можат да се изработат прекрасни новогодишни декорации а со тоа и подигање на еколошката свест кај најмладите. Новогодишната забава за сите основци од градот ја подготви општина Велес. Сите заедно уживавме и си посакавме најубави желби за Новогодишните празници.