Вероника Гијовска од ООУ “Блаже Конески” – најталентиран ученик во Општина Велес

Општина Велес во чест на Св. Кирил и Методиј ги награди најуспешните наставници и ученици. За најталентиран ученик во Општина Велес беше прогласена Вероника Гијовска од IX-2 одделение од ООУ„Блаже Конески“ Велес. Сигурни сме дека Вероника ќе продолжи да создава големи и креативни дела во својата иднина.