„Блаже Конески“ домаќин на Амбасадорот на Република Словенија Милан Јазбец

Во рамките на активностите по повод Денот на училиштето, нашето училиште „Блаже Конески“ беше домаќин на промовирање на  книгата „Мартин Крпан – дипломат и воин“, на авторот проф. д-р Милан Јазбец, Амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија.  Промоција на книгата „Мартин Крпан – Дипломат и воин“, на авторот проф.д-р Милан Јазбец, Амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија.Марко Инѓилизов од Драмското студио „Словото“ ја преставуваше книгата пред присутните, а  Гоце Анакиевски, доктор на науки по безбедност, додаде дека додека ја читал книгата се вратил на возраста на која сега е Марко. Драмското студио „Словото“ изведоа перформанс работен по поезијата од книгата „Сјајна ѕвезда со лавовска грива“ исто така напишана од проф. д-р Милан Јазбец.Велејќи дека не е прв пат во Велес и особено заблагодарувајќи им се на велешани за добиеното Почесно Рациново признание за 2019 година, проф. д-р Милан Јазбец, на промоцијата соопшти дека се чувствува почестено кога слуша дека токму неговата книга е креативна инспирација за млади луѓе.Почестени сме што имавме можност да бидеме домаќини и да се дружиме со творештвото на еден гениј како што е амбасадорот Јазбец.