АНА БОШКОВА – најдобра од најдобрите во Велес

По повод Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, на 21.5. 2021г. Општина Велес им оддаде признанија на најдобрите просветни работници и на најталентираните ученици во градот.

За најталентирана ученичка од основните училишта е прогласена Ана Бошкова ученичка во  ООУ„Блаже Конески“, Велес.          

Таа е активна во секоја сфера од училишниот живот и вклучена во реализацијата на голем број воннаставни активности кои го афирмираат Училиштето и градот.

Ана, ти посакуваме светла иднина и исполнување на твоите соништа!!!