Активности по повод 51-те Детски Рацинови средби

На  6.11.2018 година  се одржа  Работилница организирана од „Просветно дело“ во ООУ„ Блаже Конески“ Велес – поливалентен простор  на  Тема „Поетското перо низ страниците на Росица, Другарче, Развигор и Наш свет  од  гости  писатели и илустратори соработници на списанијата. На настанот беа присутни ученици и наставници од сите основни училишта во градот кои се запознаа со историјатот на списанијата  и нивното значење  во  училиштето.Одговорен наставник за организација на настанот  беше Светлана Бобевска.