Активности во партнертство дел од проектот за МИМО „ Меѓуетничка интеграција на млади во образованието“

Извештај од реализираните заеднички МИО активности планирани за месец април, 2019 год.

 

Активности во партнертство дел од проектот за МИМО

„ Меѓуетничка интеграција на млади во образованието“

 

Партнер училишта:

ООУ„ Блаже Конески“ – Велес и ОУ„ Рајко Жинзифов“ – Оризари

Дата : 24.4.2019 год.                            

Место на реализација: ООУ„ Блаже Конески“ – Велес

 

МИО активности: Географија – Квиз натпревар преку играта „ Не лути се човече“ ,

           

( Краток опис)

 Во поливалентниот простор на нашето училиште ја реализиравме втората заедничка активност планирана од проектот МИМО со партнер училиштето ОУ,,Рајко Жинзифов,, Оризари, од вкупно 3 планирани. Истата претставуваше воннаставна активност по предметот Географија. Беше реализирана преку мешани групи на учениците како по пол така и по етничка припадност. Учениците имаа можност да го проверат стекнатото знаење по предметот географија, преку прашања претходно подготвени од нивните наставници Сузана Јованова, Михајло Нушев и Катерина Петрова. За техничкиот дел се погрижи наставничката Тања Инѓилизова. Беа опфатени ученици од седмо и девето одделение и тоа вкупно 20 ученици, по 10 ученици од секое училиште. Прашањата беа презентирани на македонски и босански јазик. При реализација на квизот учениците ги користеа правилата на играта ,,Не лути се човече,,.Заедничката активност беше успешно реализирана и уште еднаш покажавме дека не постојат разлики меѓу нас децата,независно на кој јазик учиме и зборуваме, сите се стремиме кон една заедничка цел- да развиваме и негуваме пријателство меѓу нас. Дружењето го завршивме со заедничка закуска и размена на впечатоците од реализираната заедничка активност.

 

 

Дата : 25.4.2019 год.                      

Место на реализација: ОУ„ Рајко Жинзифов“ – Оризари

 

МИО активности: Еко работилница

 

Во оваа Еко работилница чиј носител е партнер училиштето ОУ„ Рајко Жинзифов“ – Оризари, реализатори беа ученици од осмо одделение од двете училишта. Учениците беа во групи и тоа 5 групи по 4 ученици или вкупно 20 ученици од двете училишта, членови на Еко одборот. Работилницата започна со презентација на тема „ Животен циклус на растенијата“ на двата наставни јазици, македонски и босански. Потоа изработија хамер поврзан со темата од презентацијата. На крај се упатија во училишниот двор каде заеднички садеа цвеќиња, туи и елки. Со реализација на оваа активност учениците упатија порака дека различностите ги зближуваат луѓето. Заедничкото дружење го завршивме со закуска, разменувајќи впечатоци од реализираната активност со желба за идна заедничка средба на учениците од двете училишта..

 

Забелешка:

Во прилог ќе ви испратам фотографии од заедничките МИО активности, останатите документи кои се однесуваат на финансискиот дел од овој Проект( прилог извештај за трошковникот за реализација на активности за месец април за набавка на наставни средства,оригинал фактура од набавката, список на ученици и наставници за закуската) ги испративме препорачано по пошта.

Извештајот го изработи:

Соња Стумбова – МИО координатор

ООУ„ Блаже Конески“ – Велес